Јутпас сертификати

Учесниците на одобрени проекти од Еразмус+ Млади во Акција и Млади во Акција програмата имаат право да добијат признание за нивното учество и учење на проектот. Јутпас сертификатот е инструмент кој е развиен за оваа намена.

Сертификатите се издадени од организацијата или младински работници/лидери кои се вклучени во проектот. Во зависност од типот на проектот улогата ќе биде од страна на лидерот на групата, тренерот, ментор и итн. За креирање на Јуптас сертификат, ве молиме следете ги инструкциите чекор по чекор подолу, кои ве водат преку процесот на креирање.

Чекор 1: Најави се со Јутпас

Ве молиме регистрирајте се на Јутпас веб-страната. Еднаш кога ќе го креирате вашиот профил, вие можете да ја користите вашата е-маил адреса и лозинката (која ви е испратена на вашиот е-маил по регистрацијата) за да се најавите по прв пат и во наредни најави.

Чекор 2: Внесете детали за проектот

Ве молиме внесете ги деталите за вашиот одобрен проект. Ве молиме да се осигурате дали сите полиња се пополнети целосно и точно, со оглед на тоа дека истите ќе бидат покажани на сертификатите.

Чекор 3: Внесете детали за учесникот

Ве молиме внесете ги деталите за учесниците за вашиот одобрен проект. Ве молиме да се осигурате дека сите детали се пополнети во целост и се точни, со оглед на тоа дека истите ќе се појават на сертификатите.

Чекор 4: Валидирајте го вашиот сертификат

Ве молиме валидирајте ги сертификатите со тоа што ќе внесете место и датум, како и потпис и цело име на представниците од вашата организација, потпишувајќи го сертификатот. На првата страница тоа може да биде правен застапник на вашата организација и на втората страна личноста која што е задолжена за проектот која по случајност, може да биде истата личност како и законскиот застапник.

Чекор 5: Генерирање на сертификатите

Сертификатите се генерираат како пдф фајл. За да го отворите фајлот вам ви е потребен Adobe Reader. Вие можете да го симнете бесплатно со кликнување тука или на иконата десно.

Добро е да се знае

Техничката алатка за креирање на Јутпас е дизајнирана на начин на кој ви овозможува да ги подготвите сертификатите пред да започне вашата активност: можете да го пополните поголемиот број на информации кои што веќе се познати (на пр.детали за проектот, детали за учесниците и итн.) и да ги зачувате. Така остануваат да се пополнат само оние детали за крајот на активноста или оние кои што ги опишуваат резултатите од учењето.

Доколку сакате да работите на вашиот проект со неколку луѓе, вие имате можност да ги додадете нив како уредници.

Се надеваме дека ќе уживате. За Чекор 1: Најави се сега - ве молиме кликнете тука.